2 ноември 2007

Зошто е важно да учиме за Бога?

Целта во животот на секој богобојазен човек е сознанието за Бога и неговата волја. Без ова, човековиот живот е пуст. Ускратени од знаењето за вистинската природа на божественото и Господ, милиони пагани, кривоверци и неверници, од минатото и сегашноста, остануваат да талкаат помеѓу спасението и пропаста, осудени бидејќи немале доволно волја во своето срце да ги побараат одговорите за вистинската спасоносна вера во Бога.

Затоа, многу е важно да се шири словото Господово. Секуларните сили кои владеат во нашето општество се плашат од Вистината, и прават се за да го оддалечат обичниот човек од љубовта на Господа. Тоа се гледа од осудата на воведувањето на веропоуката што е единствен излез од опасностите на денешното живеење. Знаењето за Бога е светилка во мрачниот свет кој не опкружува, а единствена патека за младите да не застранат по патот на Нечестивиот. Неговиот свет на дрога, истополова „љубов“ и секс пред, осветениот од Бога, брак се пат по кој многумина денеска тргнале и само враќање во стадото Господово може да ги спаси од вечна пропаст. Затоа е важна веропоуката, за да на младите им влее надеж и даде смисла на нивното постоење а старите ги врати кон Бога, затоа што со децении беа држени што подалеку од спасението на Крстот и Библијата.

1 коментар:

GoodBytes рече...

Нека си учи кој сака за својата вера на место предвидено за тоа: црква, џамија... Досега никој не докажува зошто мора веро-наука да се учи во јавното образование. Јас не сметам дека на било кого му се ускратува можноста да се запознае со било какво верување, ако тоа не се изучува во државно училиште.