2 декември 2007

Чедоморство од сладострастие

Изминатиот период се разви голема полемика околу абортусот. Убедени, но потајно уплашени од својот животен стил, некои дури посегнаа и по плакатите во градот и ги кинеле во обидот да го докажат тоа што неможе да биде докажано.

Абортусот, како и многу други гревови, денес е последица на живот оддалечен од Бога. Живот во кој човекот е пред се и над се, без љубов и почит кон вистината која лежи длабоко во сечие срце а тоа е вистината за Севишниот. Тоа е акт на чедоморство, акт на себичност и заборавање на верата во Господ и неговата волја за човекот и напатствија како тој треба да го живее овоземскиот даруван живот.

Бог ја обдарил жената како родилка. Но дарението од Бога е должност, внатрешен повик да се служи на волјата Негова а секое однесување спротивно на волјата е грев. И кога задача на жената е да раѓа, како тогаш да го оправдаме абортусот? Зарем на Адама случајно Господ му ја подари Ева, за да во утробата нејзина ги носи поколенијата негови?

Навистина не ми е јасно како т.н. „феминистки“ пробуваат да оправдаат убиство на човечко битие, само поради тоа што жената треба да има избор. Тие забораваат дека во очите на Господ, луѓето немаат избор кога треба да ја спроведат божјата волја. Чума од сладострасни „феминистки“ упорно сака да не убеди дека тоа што го прават не е лошо. И наместо почесто да гледаме богобојазни родилки, чие родение ќе носи нови животи на овој свет, „феминистките“ ги убедуваат младите девојки дека уживањето, сексот и кариерата ги кријат одговорите на животните прашања. Но кога работите ќе тргнат не по нивна желба, тогаш посегаат против нивната, од Бога дадена, природа и го убиваат новиот живот во нив, за да можат да продолжат со нивниот хедонизам, кој е на спротивната страна од вистинскиот Пат истапкан за нив.

Но чудни се патиштата Господови и луѓето кога тогаш ја научуваат лекцијата. Дали ќе биде тоа на полесниот пат, преку верата и љубовта кон Бога, или трпејќи вечна болка во домот на нечестивиот, останува на нас.

1 коментар:

Анонимен рече...

Ти што се велиш дека си богоугоден (земна суето човечка), а тука искажуваш осуди и предрасуди со секоја реченица - прочитај си ја библијата пред да седнеш повторно да ги запишуваш мислите твои грешни.
Исус за таквите како тебе кажал:
He who is without sin among you, let him be the first to throw a stone at her.
Прашај се кај ќе иде ТВОЈАТА душа?